Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај  

Пандемијата со ковид-19 ќе заврши кога светот ќе одлучи да  стави крај, тоа е во наши раце, достапни ни се сите потребни алатки за тоа, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесу, повторувајќи ги своите повици за рамномерна распределба на вакцините.

Тедрос изрази жалење што досега „светот не ги користел мудро тие алатки“ и нагласи дека со близу 50 000 смртни случаи неделно, пандемијата е далеку од својот крај.

Тој ваквите ставови ги изнесе на свеченото отворање на Светскиот самит за здравје во Берлин.

Целта на СЗО е 40 отсто од населението во секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022.

Но, тоа според Тедрос е можно ако моќните земји и компаниите ги претворат своите зборови во дела.

Back to top button
Close