Пандемијата стивна, Европа се враќа на велосипедите

 Како што се олеснуваат мерките за ограничување на движењето во Велика Британија и Европа, луѓето го избегнуваат јавниот превоз, при враќање од работа, а се повеќе купуваат велосипеди.

Линколн Ромаин, директор на Брикстон сајлс, тврди дека напливот на луѓе е толку голем што нивните резерви се потрошени.

– Искрено, кај нас доаѓаат разни клиенти. Оние кои и порано патувале со велосипед до работа, оние кои никогаш не го сториле тоа и немаат велосипед, а има и такви, чиј велосипед собирал прашина во складиште и потребна им е услуга, истакна Ромаин.

Велика Британија и другите земји ги охрабруваат луѓето да избегнуваат јавен превоз при враќање од  работа откако се олеснија мерките. Британскиот министер за транспорт, Грант Шапс истакна дека многумина го послушале советот.

– Милион луѓе, за време на кризата  го открија велосипедизмот, независно дали само за вежбање или како средство за безбеден превоз што овозможува физичко растојание, додаде Шапс.

Британската Влада објави дека ќе инвестира милиони фунти за проширување на постојните велосипедски патеки или за создавање нови.

Директорката на градската канцеларија за планирање, Џенет Санц изјави дека велосипедизмот стана тренд во Европа.

Во Барселона, употребата на велосипедски патеки е зголемена за 325 проценти. Затоа, Барселона ќе додаде 21 километар на постојните патеки за велосипеди. Берлин додава 22 километри, а Брисел 40. Во Франција, Париз, Ница, Руан, Лил и Нант веќе најавија нешто слично. Дури и Италија, земја со најмногу автомобили по глава на жител, се враќа на велосипедот.

Најмалку 150 километри велосипедски патеки ќе бидат изградени во Рим, град познат по својата непрактичност и опасност за велосипедистите.

– Ова значи дека барем еден економски сектор ќе излезе побогат од оваа криза. „Продажбата на велосипеди, особено електричните, нагло се зголеми по повторното отворање на продавниците“, истакнаа од  австриската стопанска комора.

Француската компанија „Гоу Спорт“ во изминатите недели бележи 300 проценти поголема продажба на Интернет. Во Велика Британија, однапред беа продадени 20.000 велосипеди, соопшти здружението за трговија на АКТ.

Back to top button
Close