Пандев и Елмас

Колку и да звучи патетично, онаа слика на насмеани и гушнати Пандев и Елмас по победата над Германија среде Германија е сликата на вистинската Македонија. Штета е што забораваме на таа слика, па се сеќаваме на неа само во моменти на успех.

Описот на сликата е патетичен. Ама сликата е вистинска. Двајца македонски фудбалери од различна националност играат за својата земја и се радуваат на успехот во Дуизбург, во исто време додека во Скопје странските амбасадори ги охрабруваат политичарите да не се испозаколат меѓу себе во Собранието.

Ама, во таа репрезентација во која играат луѓе од сите националности и вери, фудбалерите се одбрани по квалитет. А во Собранието пратениците се избрани според неквалитет. Во репрезентација треба да знаат да шутираат и да бранат. Во Собранието пратениците не треба ништо да знаат.

Треба само да го слушаат шефот на партијата и да се сликаат со него. Ние не сме навикнати на успеси. И само кога ретко ќе ни се случи нешто такво, сфаќаме колку сме отруени. Изненадени сме дека знаеме да се радуваме и да се гордееме.

Кога некој политичар ти дал причина да се радуваш? Кога ти се случило да се почувствуваш горд на својата земја поради некој политичар? Зарем да се гордеш со оној што те убедува да истрпиш без плата, а нему редовно му стига и платата и патните трошоци? Пандев и Елмас како се гушкаат – тоа е реалниот живот. А партиите и политичарите се тука за да создаваат проблеми за потоа да ни ги решаваат проблемите.

Трагедијата е што немаме повеќе такви успеси како победата над Германија, не само во фудбалот, туку и на сите други полиња. Да имаме за што да се радуваме, баш ќе ни биде гајле

Целата колумна на Горан Михајловски можете да ја прочитате тука

Back to top button
Close