Пандев: Ова се можеби моите последни натпревари, одиме да испишеме историја!
„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера. Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација. Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија … Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија“, вели Пандев во обраќањето на Инстраграм.
Европското првенство почнува вечерва со натпревар од групата А помеѓу Италија и Турција. Македонската репрезентација за првпат настапува на едно европско првенство. Фудбалерите се дел од групата Ц заедно со Австрија, Украина и Холандија. Првиот натпревар го играат в недела од 18 часот против Австрија.