Пандев сѐ уште не открива дали ќе продолжи со клупскиот фудбал: Прво да одморам со фамилијата, па ќе размислувам

Kапитенот на македонската фудбалска репрезентација сѐ уште не знае дали ќе ја продолжи клупската кариера, откако на репрезентативната стави точка со последниот натпревар на Европското првенство против Холандија.

Тој пред новинарите кои денеска ги пречекаа фудбалерите на скопскиот аеродром рече дека нема договор за следната сезона.

-Не знам, немам договор сега. Немам планови, сега да се одморам малку со фамилијата па после ќе размислувам после, рече Пандев, додавајќи дека нема желба да се впушти во тренерските води.

 

Back to top button
Close