„Пандевци“ ја прифатија понудата на Шкендија за Дориев

Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој заминува да ги брани боите на тетовскиот тим.

Дориев беше еден од најдобрите поединци во тимот и миленик на струмичката публика. Од клубот велат дека тој посакал промена на средината.

– Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб, соопштија од Академија Пандев.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close