Пандов се надева дека и судењето за Кочани ќе се одвива во Идризово?
Во новата дигитална судница во Казнено-поправната установа Идризово денеска започнува судењето за предметот „Адитив“, кој е поврзан со набавки за РЕК Битола. Обвинети се вкупно 31 физичко лице.
На прес-конференција, директорот на Управата за управување со санкции, Александар Пандов, изрази надеж дека и судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одвива во истата судница. Тој ги повика судиите почесто да закажуваат рочишта во оваа установа, со оглед на условите и безбедносните предности што ги нуди.
Судницата е функционална од 2020 година, изградена со финансиска поддршка од Европската Унија, но досега не се користеше.
Случајот „Адитив“ е еден од посложените процеси поврзани со злоупотреби во јавните набавки во енергетскиот сектор, кој ќе се води во специјално опремени услови со дигитална технологија