Пандов – во Вевчани Заев и Спасовски испратија ЕБР за скијачите во Нижеполе не

 

 

На својот „Фејсбук“ профил, Александар Пандов, кој е Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше дека се покажало дека насилната полициска реакција за време на Вевчанскиот карневал била со цел да се покаже сила против народот, кој сатирично ги критикувал политиките на власта, а не за некакво обезбедување на јавното здравје.

Како показател за такво нешто, Пандов објави фотографија од Нижеполе каде што огромна група граѓани го искористија убавото време за скијање, но притоа се создадоа големи групи скијачи, за кои никој не реагира.

– Слика 1: Пред само четри дена беше Вевчанскиот карневал на кој Заев и Спасовски уште сабајлечки ја испратија ЕБР за да разбијат било какво групирање на вевчанци. Слика 2: Денес во Нижеполе – пишува Пандов покрај фотографиите од двата настана.

 

Back to top button
Close