Панел дискусија: Телесна автономија – основа на човековите права

Зголемување на интересот, размислувањата, промоција на акции за телесната автономија и сексуалното и репродуктивното здравје, за унапредување на правата на жените и на девојчињата, на семејствата, заедниците и на нациите, имаше за цел хибриден настан – панел дискусија на тема „Телесна автономија-основа на човековите права“ што се одржа денеска во Скопје во пресрет на јунскиот Форум за генерациска еднаквост, што ќе се одржи во Париз.

Панел дискусијата се одржа во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Амбасадата на Франција, Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН и Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

-Воедно, панел-дискусијата беше важна можност за одржување на отчетност на Програмата на Владата на Република Северна Македонија којашто се обврза за телесната автономија преку една од нејзините клучни области, родовата еднаквост, и ова обврзување беше потврдено преку усвојување на националните заложби за унапредување на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD), направени на Самитот во Најроби во 2019 година, се вели во соопштението од канцеларијата на УНФПА.

На панел-дискусијата се говореше за очекувањата од одржувањето на Форумот за генерациска еднаквост
во Париз во јуни, годинава, и предизвиците во кои треба да се инвестира за понатамошно унапредување на родовата еднаквост, негување и проширување на успешните превентивни програми за репродуктивното здравје на жените и девојките во РепубликаСеверна Македонија усогласени со меѓународните и со европските практики, како и напредокот кон остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации за овозможување сексуално и репродуктивно здравје и права за сите до 2030 година Акциските коалиции на Форумот за родова еднаквост се платформа која што содржи шест теми со повеќе од 90 партнери кои се приклучија на коалицијата во февруари 2021 година, за солидарно да се обединат околу основните принципи: благосостојба, родова еднаквост и глобален просперитет.

-Ова претставува ново партнерство на владите, граѓанското општество, Обединетите Нации и приватниот сектор за промовирање на правата на сите жени и девојки. Платформата во наредните пет години ќе донесе конкретни и трансформативни промени за жените и девојки низ целиот свет, велат од Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

Back to top button
Close