Пановски до Град Скопје: Не шетајте ме по ќерамиди!

Град Скопје му одговори на прашањата на советникот Никола Пановски (ЛДП) за грдите незавршени објекти во центарот на градот. Речиси за сите нив градската администрација се прогласува за ненадлежна.

Пановски коментира дека одговорот на неговите прашања е „очекувано бирократски, не сме надлежни, без суштина“.

Ако е надлежна Општина Центар – прашате ја! Не шетајте ме по ќерамиди“, вели Пановски.

„’Кермес’ бил приватен, но земјиштето во паркот не е приватно. Не смее во градот да стои грдотија со години. Или ќе се гради или ќе се ослободи просторот. Истото важи и за Офицерскиот дом. Има Закон според кој мора да се забрза објект во центар на градот во определен рок, инаку државата му го одзеа. За зградата на ЕВН не знаат и не им е гајле. А објектот на ‘Пелагонија’ е на ‘Д-р Пановски’ (фирма со која јас немам никаква врска, случајно е исто презимето). За галијата кај ‘Холидеј Ин’ не кажаа зошто и кој нареди прекин на отстранување, кое почна пред изборите, дојде некој анонимен газда ги избрка работниците и седум месеци стои така!“, коментира Пановски за Независен.

Back to top button
Close