Пановски: Коронавирусот е вон контрола, жариштата итно во карантин!

-Ситуацијата со коронавирусот е сериозно излезена од контрола и единствениот спас е да се стават жариштата со најголем број новозаразени во карантин и да се направи обид да се ублажи ситуацијата, тврдат епидемиолозите, откако вчера бројката на нови потврдени со ковид-19 значително порасна.

– Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители. Бидејќи Комисијата за заразни болести тврди дека ја има ситуацијата под контрола, треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја зграда или куќа во која има кластери, да се контролираат тие места – тврди за ,,Слободен печат“ доктор Никола Пановски.

повеќе

Back to top button
Close