Папата ја откажа средбата со рускиот патријарх

Папата Франциско ја откажа средбата со поглаварот на Руската православна црква и долгогодишен сојузник на претседателот Владимир Путин, патријархот Кирил.

Папата и патријархот требаше да се сретнат во Ерусалим на 14 јуни, објави Ројтерс претходно овој месец.

Но, папата Франциско сега изјави дека жали што планот мораше да биде суспендиран бидејќи дипломатите на Ватикан советуваа дека таквата средба „може да предизвика голема конфузија во моментов“, пишува Sky News.

Тоа би било само нивна втора средба. Тие првпат се сретнаа во 2016 година на Куба.

Од почетокот на офанзивата во Москва на 24 февруари, двајцата црковни водачи имаат сосема различни ставови.

Додека папата повика на мир, патријархот Кирил, близок до рускиот претседател Владимир Путин, во говорот на 27 февруари ја оправда воената операција, велејќи дека тоа е судир со „злите сили“ кои „го негираат историското единство“ на Русија и Украина

Back to top button
Close