Папата Франциск: Никој не треба да бара економска и политичка корист од Ковид

Папата Франциск денеска изјави дека никој не треба да бара економска или политичка корист од пандемијата на коронавирусот, и дека оние што произведуваат вакцини не треба да гледаат на тоа само како на потфат кој носи профит.

Поглаварот на Римокатоличката црква им рече на посетителите за време на аудиенцијата, втора на која учествуваа и верници по шест месеци виртуелни обраќања, дека пандемијата треба да ги охрабри сите да работат за општо добро.

– За жал, сведоци сме на појава на индивидуални интереси. На пример, има такви кои сакаат да ги присвојат можните решенија за себе, како што се (развивање) вакцини, а потоа да ги продаваат на други, рече тој.

– Поединци ја користат ситуацијата за да поттикнат поделби, да создадат економска или политичка предност, да почнат или да интензивираат конфликти, истакна папата Франциск, без да прецизира за кого зборува.

Back to top button
Close