Папата Франциск повторно повика за мир во светот и се заблагодари на оние што го лекуваат
Папата Франциск во денешната порака им се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат во римската болница „Гемели“ и го повтори својот повик за мир во воените зони ширум светот.
Како и претходните недели откако Папата (88) беше примен во болница на 14 февруари, неговата порака беше објавена од Ватикан.
Папата повика на мир во Украина, Појасот Газа, Израел, Либан, Мјанмар, Судан и Демократска Република Конго.
Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба во последните неколку дена му останува стабилна и тој добро реагира на терапиите.
Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.
Лекарите синоќа информираа дека е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта.