Папата Франциско „лајкува“ фотографии од 27-годишна разголена моделка

На папата Франциско му се допаѓаат фотографиите од бразилскиот модел Наталија Гарибото (27).

Меѓутоа, кој и да го води профилот на Инстаграм на поглаварот на Римокатоличката црква, изгледа повеќе нема да биде на таа позиција, затоа што од профилот на папата Франциско „лајкува“ секси фотографии од 27-годишната секси моделка.

Медиумите во Италија пренесуваат дека задолжениот да го води неговиот налог на Инстаграм, по скандалот повеќе нема да ја извршува оваа работа.

Папата Франциско „ја лајкувал“ фотографијата на Наталија на која таа позира во школска униформа.

„Барем ќе одам и во рајот“, се пошегувала Наталија, објавувајќи на своите профили на социјалните мрежи.

Налогот на првиот човек на Ватикан го следат повеќе од 7 милиони луѓе, па сосема беше јасно дека некој ќе забележи што се случува на Инстаграм.

Back to top button
Close