Папата Лав XIV бара да се ослободат новинарите кои моментно се во затворите низ светот

Папата
Лав XIV денес повика на ослободување на притворените новинари и го истакна „скапоцениот дар на слободата на говорот и медиумите“.

Тој разговараше со некои од 6.000 новинари кои дојдоа во Рим за да го следат изборот на папата.

Како што пишува АП, првиот американски папа беше пречекан со стоечки овации кога влезе во салата во Ватикан каде што за прв пат се сретна со членови на јавноста.

 

Тој ги повика новинарите да користат зборови на мир, да се дистанцираат од војната и да им дадат глас на оние кои го немаат.

Тој ја изрази својата солидарност со новинарите ширум светот кои се затворени поради, како што рече, потрагата по вистината и нивното известување.

„Црквата препознава во овие сведоци – мислам на оние кои известуваат за војната дури и по цена на своите животи – храброста на оние кои го бранат достоинството, правдата и правото на луѓето да бидат информирани, бидејќи само информирани поединци можат да донесуваат слободни одлуки“, рече новиот папа.

Страдањето на притворените новинари, додаде тој, е предизвик за државите и меѓународната заедница и ги повикува сите да го заштитат „скапоцениот дар на слободата на говорот и медиумите“.

Back to top button
Close