Папата Лав XIV ги повика водечките светски сили да ги прекинат сите војни
Папата Лав XIV денеска во своето прво обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги повика водечките светски сили да престанат да водат војни.
Новоизбраниот папа апелираше и за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници, пренесе Ројтерс.
Лав XIV, исто така, го поздрави најновиот прекин на огнот постигнат меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се молел на Бога да му даде на светот „чудо на мирот“.