Папата на бдеењето пред Велигден: Не ја губете надежта во долгата криза со пандемијата

– Папата Франциск за време на бдеењето на Велика сабота по повод Велигден ги повика верниците да не губат надеж во долготрајната криза со коронавирусите, пренесе ДПА.

-Во часот на темнина, кога хуманоста се бори со пандемијата и другите болести, христијаните треба да ја земат предвид велигденската порака на ангелот – да не се плашат, рече 84-годишниот поглавар на Римокатоличката црква од базиликата Свети Петар во Ватикан.

Една порака за Велигден, рече тој, е дека секогаш е можно да се почне одново. „Дури и од неволјите на човечката историја Бог создаде нешто ново“ додаде тој.

-Од урнатините на нашите срца, рече папата, Бог може да создаде уметничко дело, од разурнатите остатоци од нашето човештво, Бог може да подготви нова историја.

„Во овие мрачни месеци на пандемијата … слушајте го Воскреснатиот Господ како не повикува да почнеме одново и никогаш да не ја изгубиме надежта, рече Папата, пренесе ДПА.

На полноќната служба на папата му се приклучија околу 200 верници и свештени лица.

Само ограничен број луѓе годинава добија дозвола да присуствуваат на церемонијата на бдеење за Велика сабота, како претпазливост од ширењето на коронавирусот.

Back to top button
Close