Парите за кои се сомничи дека ги проневирил Зеќири завршиле во хрватска фирма, тврди Русковска

Зеќири доби 30-дневен притвор, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата

Паричните средства од набавката за која Обвинителството кривично го гони ексгенералниот секретар на Влдата, Мухамед Зеќири, биле префрлени на сметки на хрватска фирма, откри основната јавна обвинителка Вилма Русковска, во гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

На новинарско прашање дали е можно некој да му наложил на Зеќири да ја спроведе набавката без да распише тендер, Русковска вели дека тој досега не кажал такво нешто.

„Дури и да каже треба да се обезбедат докази за евентуално да се гони тоа лице“,рече Русковска.

Поранешниот генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145 400 евра.

Зеќири доби 30-дневен притвор, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата, поради што ќе се бара помош од Хрватска, а обвинителката Русковска истакна дека веројатно ќе биде распишана и меѓународна потерница за нив.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close