Парламент на Ирска: Присуството на Израел на Западниот Брег е де факто анексија

Ирскиот Парламент денеска го нарече односот на Израел кон Западниот брег „де факто анексија“, јави Еврејската телеграфска агенција, додавајќи дека членките на ЕУ ретко го користат тој термин.

Долниот дом на ирскиот Парламент го усвои необврзувачкиот предлог на Шин Фејн, националистичка левичарска партија, да ги карактеризира израелските активности како анексија, бидејќи министерот за надворешни работи Сајмон Ковени исто така го користеше тој термин за време на парламентарна дебата, иако не е од таа партија.

Долниот дом на ирскиот Парламент „прогласува изјавува дека постапките на Израел се граничат со незаконска де факто анексија на таа територија и ја повикуваат Владата да не ја признава како законска ниту една ситуација што произлегува од какво било такво сериозно кршење на меѓународното право“.

Со усвојувањето на таквиот предлог, Ирска стана првата земја на ЕУ што го употреби изразот „де факто анексија“ за постапките на Израел на окупираните палестински територии, коментира Ал Џезира.

Израел го освои Западниот брег во шестдневната војна во 1967 година заедно со Источен Ерусалим, кој подоцна го анектираше, како и Појасот Газа.

Палестинците сакаат да формираат своја, независна држава на тие територии.

Back to top button
Close