Парламентот на Унгарија ќе избира нов шеф на државата на 10 март

Унгарскиот парламент треба да избере нов претседател на 10 март, соопшти денеска во Будимпешта претседателот на парламентот Ласло Ковер.

По првпат во модерната историја на земјата, жена треба да ја преземе функцијата шеф на државата, бидејќи изборот на Каталин Новак се смета за неизбежен со оглед на тоа дека е номинирана од премиерот Виктор Орбан во име на неговата партија Фидес, јави ДПА.

Новак, претходно министерка за семејни прашања, би можела да биде избрана во првиот круг, бидејќи Фидес го има неопходното двотретинско мнозинство.

Новак се смета за лојален приврзаник на Орбан, поддржувајќи ги неговите ултра-конзервативни политики за семејството и родовите улоги за време на нејзиниот мандат како министер. Критичарите обвинуваат дека овие политики промовираат непријателски ставови кон хомосексуалците и транс луѓето.

Јанош Адер, актуелниот претседател на Унгарија и исто така член на Фидес, е при крајот на својот втор мандат на функцијата и нема право да се кандидира повторно.

Унгарските претседатели, кои имаат главно церемонијални должности, се избираат со мандат од пет години.

Back to top button
Close