Парови ги откриваат малите нешта што ја “спасуваат” врската

Читатели и автори на „Гардијан“ зборуваат за навиките и ритуалите што ги имаат со своите партнери со кои ја одржуваат хармонијата и блискоста во врските. Прочитајте дел од нив:

Мојот партнер и јас имаме правило – не носиме тренерки еден пред друг. Еднаш ми кажа дека кога ме гледа во тренерки секој ден тоа влијае негативно на нашиот сексуален живот. Така, оттогаш, заедно носиме „секси“ долна облека во куќата. Тоа ја спаси нашата врска

Кога ќе се скараме, се потсетуваме на советот од еден пријател – во тензичен момент кажете си: „Дали повеќе би сакал/а да бидам во право, или да бидеме поблиски?“

Кажете „благодарам“. За сè. Бидете благoдарни за се она што го прави секој од вас и тоа ќе го смири повременото незадоволство.

Го правиме она што му е потребно на секој од нас посебно за да се чувствува добро во текот на неделата (пливање, пијачка со пријателите…)

Не поминуваме ниту еден ден без допир, дури и ако тоа е само кратка прегратка.

На игралиштето пред некој ден, еден од татковците ми раскажуваше за пар кој има договор секое утро да дава оценка меѓу еден и 10 за да означи како се чувствува тоа утро. Нивните резултати треба заедно да дадат 10 за да можат да се справат со своите деца. Значи, во ред е ако една личност е тројка додека другата е седумка. Во деновите кога збирот им е помал од 10 имаат протокол за итни случаи, кој вклучува забрана за нездрава храна, задолжително вежбање и време за себе“.

Кога едниот од нас му е лут на другиот, не се фокусираме на тоа. Само одиме во друга соба и си даваме простор, за да почнеме да си недостасуваме. Потоа ќе дојде да ме побара, и обратно. Тоа е спротивно од она што наводно треба да го правиме ( да разговараме за работите), но кај нас придонесе кон години хармонија.

Единствениот начин да го усогласиме времето дома во вечерните часови е ако и двајцата правиме нешто заедно. Го сакам фудбалот, но не повеќе од 90 минути. Мојот сопруг гледа само една епизода од Емили во Париз и одбива да продолжи. Па понекогаш го “изневерувам” велејќи дека ќе заспијам порано па ја гледам на лаптоп.

Секое утро откако ќе го однесеме детето во градинка одиме на прошетка и на кафе, само за да разговараме за други работи освен за работа или за детето. Тоа се случува само кога и двајцата работиме од дома, но со нетрпение ги очекувам тие мигови.

Кој прв ќе се врати од работа, подготвува даска со ужина. Ова ни помага да спречиме кавги предизвикани од глад или да грицкаме нездрава храна.

Мојот партнер има анксиозност, а јас имам АДХД: функционираме затоа што сме свесни колку другиот вложува во текот на денот. Така, за напорни социјални ситуации, имаме скришен збор што, ако некој од нас го користи, значи дека сака да замине. Без разлика дали тоа е поврзано со анксиозност или некој од нас е престимулиран, се почитуваме и си веруваме еден на друг.

Мојот дечко пред да замине на работа во 6 часот наутро го вклучува електричното ќебе, па јас се будам во загреан кревет. Никогаш не сум будна за да се поздравам со него, но се будам чувствувајќи згрижена и сакана.

Ретко сме романтични јавно, но дома секогаш се држиме за раце на троседот додека гледаме телевизија или се прегрнуваме еден со друг кога поминуваме во кујната. Тоа не прави поблиски.

Јас главно работам од дома, но во слободните денови на мојата партнерка одам во канцеларија за таа да има слобода дома да прави што сака без мене.

Мојата партнерка ми пишува пораки и ги става на посебни места. Една на која пишуваше “те сакам” скришно ми ја ставила во пасошот. Ја видов кога му го давав пасошот на службеникот на граница, кој исто така забележа и рече: „Каква прекрасна порака“.

Мојот сопруг обично оди во кревет пред мене, па легнува на мојата страна за да ја загрее.

Секој пат кога ќе се разделиме за работа наутро ми кажува дека ме сака. Никогаш не делува автоматски или како навика, ниту пак е на сила. Искреноста во неговиот глас е вербален еквивалент на најтоплата, најдолгата прегратка.

Се будам порано отколку што треба за да му помогнам на мојот сопруг да се спреми и да излезе од дома со неговиот ручек. Пиеме чај и јадеме нешто заедно. Тој не се снаоѓа баш добро наутро. Јас не сум добро во вечерните часови, па негово е последното средување – ја вклучува машината за миење садови, ги пакува остатоците од храна во фрижидер и ги проверува вратите.

Ако имам некој настан или важен состанок, сопругот секогаш ми пегла кошула – знае дека се нервирам кога пеглам.

Мојата сопруга и јас сме заедно од 16 години. На 36 се вселивме заедно кога таа забремени, но се договоривме да спиеме во посебни спални соби. Никогаш не се поканувам сам во собата на жена ми. Некој би помислил дека живееме како цимери, но сметаме дека тоа помага да се одржи одреден степен на мистерија – интимната страна на нештата е секогаш свежа и возбудлива. Сигурен сум дека ја делевме спалната – сега не би биле заедно.

Со сопругата се шегуваме дека другите четири мали зборови се „Ти беше во право“. Идеално, ова се кажува со радост и восхит, но понекогаш и со тага е во ред.

Одиме на прошетки каде секој од нас раскажува какви три добри и три лоши работи се случиле тој ден. Ова создава простор за размислување, но и за споделување како се чувствуваме за одреден настан или нешто што некој од нас можеби го рекол или направил. Тоа помага да се поттикне отворена и искрена комуникација.

На Денот на вљубените работев втора смена, кога една колешка им кажуваше на сите дека нејзиниот сопруг и купил еден куп цвеќиња. Мојот сопруг пристигна среде пороен дожд со домашен оброк за „да ми даде енергија во текот на смената“. Знаев дека тоа е тоа што повеќе би сакала да го добијам – знаеше и тој.

Она што не може да се преговара е нашето „заедничко време“, обично во недела навечер, кога сме партнери, а не родители. Главната цел е да имате квалитетно време и добар секс. Значи, нема телевизор, нема телефони – само ние, свеќи, музика, оган и време за романтика.

Мојот сопруг и јас имаме три деца помали од пет години, така што нашиот дом е полн, жив, гласен и тотален хаос. Секој ден, постојано е несредено, и секоја вечер лупиме налепници од чевлите. Откако сите три ќе заспијат, без да каже збор или да прашаат дали ми треба, мојот сопруг широко ќе ги отвори рацете и ќе ме повлече внатре. Колку што ми треба. Кога ќе заврши прегратката, повторно сум полна енергија.

Мојот партнер секогаш, во 18 часот додека подготвувам оброк за семејството, ме прашува дали сакам пијалок. Не мора да биде алкохолен, но самото тоа што ќе влезе и ќе праша е еден од најдобрите моменти во мојот ден.

Крајот на тоалетната хартија го виткам во триаголник како во хотелите. Мојата девојка вели дека тоа прави да се чувствува неверојатно сакана и згрижена.

Мојот сопруг секогаш ми го одмрзнува автомобилот, ми ги пумпа гумите на велосипедот и ми го подмачкува синџирот (не е еуфемизам). Препорачувам да се омажите за механичар на велосипед

 

Back to top button
Close