Партијата на Јакимовски: Да се отпочне штрајк за само три дена доцнење на плата во ЈСП е политички мотивиран случај
„Ова е само доказ дека синдикатот на ЈСП е продолжена рака на политичката партија чие основно начело е опструкција, создавање тензии и немајќи што да им понуди на граѓаните на Скопје прибегна кон гол егзибиционизам. Жално е што синдикатот на ЈСП се претвори во ‘дворски шут’ на ретроградните политички сили кои тежнеат кон натамошно зголемување на тензиите во општеството во услови на економска, социјална и енергетска криза.
Овој синдикат докажа дека не ги застапува интересите на вработените во ЈСП туку дејствува како месен комитет на политичките сили во оваа држава кој не знаат на каде тераат“, нагласува партијата.
Според ГРОМ, овој настан е предвесник дека опструкциите и поттикнувањето на безредие и хаос нема да запрат овде и ќе се обидат да ги прелеат во останатите јавни претпријатија во градот.
„На оваа оркестрирана деструктивност на жртви ќе бидат само граѓаните на Скопје. Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги повикува надлежните државни институции да преземат законски санкции против креаторите на овој политички маскенбал на вработените во ЈСП и да изнајдат сили и да изберат синдикално раководство кое вистински ќе ги застапува нивните интереси.