Партијата на Борисов ќе предложи нова влада, иако има мали шанси да биде изгласана во Парламентот

ГЕРБ како прва политичка сила по парламентарните избори во Бугарија ќе предложи своја влада по свикувањето на новото Национално собрание. Оваа вест ја соопшти на прес-конференцијата Томислав Дончев, кој е вицепремиер и близок до премиерот Бојко Борисов.

Името на Бојко Борисов ќе отсуствува од владата што ќе ја предложи ГЕРБ. Партијата беше категорична дека тие подготвиле структури и персонал за секоја ниво на власт во Бугарија. Сепак, прашањето кој ќе биде премиер остана неодговорено – дали тоа ќе биде Борисов или ГЕРБ се движи кон компромис со друга фигура.

 

Back to top button
Close