Партијата на Каракачанов лута на Петков: Македонија е регион и дел од денешна Бугарија…

 

 

Во Македонија нема „Македонци“ со бугарски идентитет. Бугарите се државотворен народ за РСМ! Заобиколувањето на коските на Гоце Делчев кај премиерот не е протоколарна грешка – тоа е историско предавство, велат од партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов!

„Можеби изгледа херојско да се ветува авиокомпанија за два месеци и да се „постигне“ непостоечко откажување од територијални претензии, но тоа е само во рамките на медиумскиот меур и кризниот ПР. Ништо повеќе. Да, на нашиот однос со Скопје му треба нова енергија, а можеби и рекламирање, но не е добро да се залажуваме, велат од партијата и во 5 точки ги изнесуваат нивните забелешки:

„Прво, дали ќе кажеме Република с. Македонија, или само Северна Македонија, само изгледа како некаква добрина од наша страна….Но, тоа не е баш така. Македонија е регион. И дел од него е во денешна Бугарија. Бугарија во никој случај не треба да се откаже од употребата на зборот „Македонија“ историски.

Второ, да го посетиш Скопје и да не отидеш на гробот на Гоце Делчев – ова не му се случило на бугарски државник. А, вчера Кирил Петков едноставно демонстративно помина покрај гробот на Гоце Делчев. И тоа на денот кога софијани со часови чекаа да ја купат јубилејната монета издадена од БНБ по повод 150-годишнината од раѓањето на војводата…Кога бугарски премиер ќе го превиди симболот на борбата на Бугарите во Македонија за ослободување и обединување, тој му дава поле на македонизмот и го легитимира грабежот на бугарската историја, ова не е само протоколарна грешка.

Трето: Ставањето на фашизмот и Бугарија во една реченица е неприфатливо. Во секој контекст, ова води до заплеткување во објаснувањата. И премиерот не е особено подготвен во оваа област.

Четврто: Кирил Петков ја употреби формулацијата „Македонци со бугарска самосвест“, со што се прифаќа скопската теза дека во РСМ живеат само Македонци, а Бугарите се дефинирани со пејоративни бугарофили или ббурганомани.

Петто: Нема народи од двете страни на границата. Од двете страни на границата има народ. А бугари во Македонија едноставно нема. Бугарите во денешното РСМ се државоттворен народ

Шесто. Немаше поента премиерот Петков да оди во Скопје наместо Ковачевски да дојде во Софија. За ова е потребна елементарна логика. Оставаме настрана како беше пречекан Петков…велат од партијата на Каракачанов. БГНЕС

Back to top button
Close