Партијата на пензионери загрижени од високите сметки за парно, стан во Центар треба да плати над 6000 денари

Партијата на пензионери соопшти дека е загрижена од сознанието дека сметките за парно греење за месец мај оваа година, доставени од ЕСМ изнесуваат неверојатно високи суми. На увид им биле дадени сметки за стан во Центар од 75 м2, во висина од над 6.000,оо денари.

-Вакви сметки, веројатно, ЕСМ ќе дистрибуира и во наредните месеци, а со почеток на наредната грејна сезона и уште повисоки. Се прашуваме, дали некој во ЕСМ се грижи за корисниците на парното греење, дали нашите граѓани можат да поднесат ваков терет ако се знае платежната моќ на нашите граѓани. Дали таквата политика на ЕСМ придонесува за масовно греење на еколошки најдобар начин или да започне процес на масовно откажување од парното греење и барање алтернативен начин, на дрва, јаглен, пелети,струја итн, порачаа од ПП.

Апелираат ЕСМ да преземе мерки и да ги коригира сметките, а во иднина да води сметка да не доведе до масовно незадоволство и излив на истото пред институциите на системот.

Back to top button
Close