Партијата на Таравари го пријави Буши во ДКСК за 20-те илјади евра за преспивање во Истанбул

Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување на корупција поднесе пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи.

Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра но, според заменик министерот овој износ е платен од непознати лица, што претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи.

Back to top button
Close