Партиите без реакција за одлуката на Уставен за укинување на дел од изборните правила

Независните кандидати и невладиниот сектор се изборија да немаат обврска, која тешко се постигнува, да соберат по 1 процент од вкупно запишаните избирачи во одделни општини и во Градот Скопје, за да се кандидираат за градоначалници и за советници во општинските совети.

Ваква одлука донесоа заеднички поголемите партии во 2024 година, бидејќи ним им одговара независните да не им се мешаат во поделбата на „изборниот колач”.

Според изборните математики, за кандидирање пратеници во Изборната единица 1, наместо 1.000, со измените од 2024 година беа потребни 3.372 потписи.

Ваква одлука донесе Уставниот суд.

Според Уставниот суд, постојната одлука значи ограничување на демократијата и уставното право на политички плурализам, како и нарушување на загарантираното активно и пасивно избирачко право.

Од одлуката што ќе почне да важи од денот на објавувањето во „Службен весник“, произлегува дека македонското Собрание во пресрет на локалните избори на есен ќе треба да донесе ново законско решение со кое ќе се испочитува одлуката на Уставен.

На потег е Министерството за правда, во чија надлежност е да предложи нови решенија откако партиите ќе постигнат консензус. Но, од партиите засега молк, иако наводно консултациите се во тек.

Министерот за правда, Игор Филков, кон крајот на април изјави дека има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик доколку има волја и расположение кај политичките партии.

Back to top button
Close