Партизан го отпушти тренерот Благојевиќ

Српскиот фудбалски прволигаш Партизан му врачи денеска отказ на тренерот Срѓан Благојевиќ, по двата последователни порази.

„Фудбалскиот клуб Партизан му се заблагодарува на Благојевиќ за неговата досегашна работа и му посакува многу успех во продолжението на кариерата“, се вели во соопштението на црно-белите.

Партизан загуби на последните два натпревари, откако сензационално беа елиминирани во осминафиналето од Купот на Србија од Мачва (0:2) во вторникот по што следуваше пораз од Чукарички (1:4) во саботата во домашното првенство.

Белградскиот клуб забележа шест победи во седумте натпревари што им претходеа на тие два порази, запишувајќи го единствениот пораз во тој период во „вечното“ дерби против Црвена ѕвезда, и во моментов се на второто место на табелата во српската Суперлига со 31 бод, идентично како и првопласираната Црвена ѕвезда, која има натпревар помалку.

Благојевиќ го презеде тимот на Партизан на 1 јануари оваа година

Back to top button
Close