„Патиштата на хероите“ – меѓународен проект кој ќе го истражува значењето на поединецот врз општеството

– Уметнички пристап кон проблемот на социјална апатија и отсуство на делување во општеството, со нудење на начини како да се справиме со него, а фокусирајќи се и на животната средина е идејата на најновиот меѓународен проект „Патиштата на хероите“, чиј носител е Македонскиот народен театар (МНТ), а е во времетрање од две години.

Покрај МНТ како главен партнер, во изработката на проектот се вклучени шест организации од кои пет партнерски земји: Италија – Ла Драматурџи, Грција – Лооп Амке, Босна и Херцеговина – Студио Театар, Словенија – Институт за театарска игра и Србија – Ехо Анимато, и една од Македонија – Издавачка куќа Гаврош. Проектот е во времетраење од две години.

Организаторите на проектот сметаат дека постојат голем број поединци кои веќе дејствуваат за доброто на заедницата, но не се доволно видливи. Проектот има за цел да им придаде големо значење и да ги сподели нивните приказни со цел да се инспирираат самите заедници да трагаат по сопствените Патишта на хероите.

Тоа ќе се реализира преку сите познати медиуми за комуникација: театар, видеа, претстави на отворено, изложби, илустрирани книги за деца и онлајн кампањи.

Инспариција е всушност драмата на Ибзен Народен непријател, која го истражува влијанието на поединецот врз заедницата и обратно.

Токму затоа, како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

Според режисерката Нина Николиќ, самиот наслов на проектот укажува на тоа дека во рамките на овие две ипол години ќе се стави фокусот на хероите кои знаат, можат и сакаат да ни го покажат начинот пореку кој ќе можеме да го подобруваме амбиентот во кој што живееме, и да изградиме пообра средина која ќе биде убав просотр за живеење за сите нас.

Back to top button
Close