Видео: Патнички авион се судри со хеликоптер Блек Хок над Вашингтон, се извлекуваат тела од реката Потомак

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер „Блек Хок“ на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ по што авионот се урна во реката Потомак.

Сенаторот Тед Круз од Тексас потврди на социјалните мрежи дека „има смртни случаи“, но не прецизираше колку. Американските медиуми јавуваат дека досега се пронајдени најмалку 18 тела.

Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипаж.

Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца војници.

Американската федерална управа за авијација (ФАА) соопшти дека регионалниот авион на ПСА Ерлајнс се судрил во воздух со хеликоптерот Блек Хок додека се приближувал до аеродромот

 

Back to top button
Close