Патници се степале во авион оти бебе плачело цел лет
Поради плачење на бебе избила тепачка на летот Лондон до Лисабон. Инцидентот се случил откако авионот на „Рајанер“ слетал на аеродромот во Лисабон.
Бебето плачело во текот на целиот лет, но тепачката меѓу двајцата патници избила кога патниците веќе почнале да се подготвуваат за да излезат од авионот.
Екипажот повикал полиција, а сите останати патници мирале да чекаат на своите места додека службениците не ги одведат двајцата патници.
Компанијата во изјава за британски медиуми соопшти дека двајцата патници се однесувале недолично и екипажот бил принуден да повика полиција.
-„’Рајанер‘ има политика на нулта толеранција за недолично однесување на патниците и ќе продолжи да презема решителни мерки против недисциплината на патниците“, соопштија од авиокомпанијата.
Извор: press24.mk