Патник на аеродромот во Франкфурт имал над 11.000 дијаманти во рачниот багаж

Царинските службеници пронајдоа над 11.270 дијаманти во рачниот багаж на патник на аеродромот во Франкфурт, Германија.

Дијамантите биле скриени под лажно дно во торбата, соопштија денеска царината и федералната полиција.

Вредноста на суровите дијаманти првично била нејасна и мора да биде утврдена од експерт, пренесе ДПА.

Мажот (53) кој долетал од Ангола во Франкфурт, бил уапсен и притворен во истражен затвор. Тој не ги пријавил дијамантите при влезот како што е потребно, а исто така не можел да приложи ниту неопходен сертификат.

Back to top button
Close