Патот Делчево-Виница целосно реконструиран до крајот на годинава, најави Сугарески

До крајот на годината целосно ќе биде завршен патниот правец Делчево – Виница преку селото Бигла. Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за целосно поврзување на овој патен правец преостануваат уште 6 километри од делчевската страна за што се обезбедени средства за целосно заокружување на овој проект.

-Патот од виничка страна е целосно готов, останатио дел од патот е предвиден во програмата на „Македонија пат“. Има вкупно уште 6 километри за асфалтирање кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа година, рече Сугарески при денешната посета на Делчево.

На новинарско прашање за свлечиштата на патниот правец Кочани-Делчево,Сугарески истакна дека минатата година доста активности беа преземени во тој дел, а ако се укаже потреба за нови интервенции надлеѓните од ЈПДП и Македонија пат и годинава ќе постапат соодветно за отстранување на евентуалните опасности.

-Сакам да кажам дека во делот на свлечиштата ланската година имаше работење во тој дел и сметам доколку „не дај боже“ се појават сериозни проблеми Јавното претпријатие за Државни патишта и Македонија Пат сериозно ќе реагираат за решавање на тие проблеми, за кои ланската година се постапи по она што значеше санирање на свлечиштата во тој дел, рече Сугарески.

На прашање за тоа дали брзо би профункционирал граничниот премин Клепало кај Берово, Сугарески појасни дека се ќе зависи од работите од бугарска страна.

-И во посетата кога ја имав во Берово спомнав дека патот до граничниот преми не направен, треба и од бугарска страна да постапат во делот на она што значи патна инраструктура, меѓутоа сакам да потенцирам дека тоа е работа дополнителна и на Царинската управа. Остваруваат контакти и со Царинската управа на нашата држава и Царинската управа на Бугарија и согласно динамиката што ја има, верувам дека во најбрз временски период тој граничен премин да биде во функција, додаде Сугарески.

Back to top button
Close