Патот кон Козјак е непрооден поради голомразица: Возете внимателно, можни се одрони

Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица., информира АМСМ.

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран, а ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close