Пазарните инспектори го ,,наштелувале” надзорот на Петар Грашо на „Хераклеа“ за да не мора да доседат на концертот до крај

Пазарните инспектори што вечерта отишле на „Хераклеа“ да видат дали концертот на Петар Грашо се одвива по протоколи, му дале на организаторот да потпише записник дека се се одвива според протоколите, по што си заминале рано, уште во 9 часот и 30 минути, а потоа просторот се исполнил да нема игла каде да се фрли.

Ова за ,,Слободен печат” го тврди директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, кој додава дека за овие инспектори ќе следи дисциплинска постапка во внатрешната контрола на оваа институција. Во Битола на „Хераклеа“ беше организиран концерт на Петар Грашо во четвртокот, кој според фотографиите од настанот дефинитивно се одвивал без да се почитуваат мерките за дистанца. Некои медиуми објавија дека наместо 600, продадени биле 2.000 билети. Ќе има и кривична пријава против организаторот, „Прагма продукција“.

Повеќе читајте на Слободен печат

 

Back to top button
Close