Пазарот за природен гас и од 1 јануари ќе продолжи да функционира,се огласи и Бислимовски

Пазарот за природен гас и од 1 јануари ќе продолжи да функционира. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено околу 12 лиценци за трговија и снабдување со природен гас, значи од тој аспект имаме учесници на пазарот коишто можат да учествуваат, порача денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

-Најголемиот потрошувач на нашиот пазар за природен гас е ТЕ-ТО и ТЕ-ТО своите потребни количини од природен гас ги има обезбедено и за 2023 година и тоа е некаде околу 70-75 проценти од вкупната потрошувачка на природниот гас во државата. Штом ТЕ-ТО има обезбедено природен гас се разбира дека ќе се обезбеди природен гас и за потрошувачите во државата и за топланите, рече Бислимоски.

Back to top button
Close