Пејачката Луна противкандидатка на Радев

Поп фолк пејачката Луна Јорданова позната само како Луна денеска во Централната изборна комисија ја поднесе својата кандидатура за престојните претседателски избори.

„Вистинскиот претседател на Бугарија има само едно име и тоа е Луна“, изјави таа денеска пред новинарите.

„За да имаме ние, граѓаните на Бугарија поголем избор, а не да ни се предлагаат едни исти лица, како што е случај решив да се кандидарам. Имам доверба во себе, имам верба во сите Бугари, во мојата публика. Тие ме мотивират и веќе неколку години ме тераа да го направам овој чекор. Јас сум обична девојка од мало гратче, но еве сум сега тука. Промената почнува од мене. Промената почнува од Луна Јорданова, попозната како ‘Луна претседателката- вашата претседaтелка’. Животот е миг и сакам да си го направам ќеифот со тоа што ќе одам на гласање и ќе гласам за себе – категорична е Јорданова.

Back to top button
Close