ПЕЦАКОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ОХРИД – градноначалникот највува втор мандат

Историска победа!!!

Ви благодарам Охриде!!

Од утре уште појако одиме!

Ова го објави актуелниот градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков на неговиот Фејсбук профил.

Еве ја неговата објава.

Со ова Пецаков си најавува втор мандат како градоначалник на нашиот бисер.

Пецаков е роден на 06.07.1985 во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид, а високо образование завршува на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје. Специјализира на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје и се стекнува со називот Специјалист по детска и превентивна стоматологија.

Во два мандати е дел од Советот на Општина Охрид од 2009 – 2013 и од 2017 – 2020. Од 2020 до 2021 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 31.10.2021 година е градоначалник на Општина Охрид.

Тој е сопруг и татко на две малолетни деца.Пецаков пред медиумите рече дека според податоците со кои располага партијата ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за историска победа со предност од повеќе од десет илјади гласа пред противкандидатот од СДСМ, како втор кандидат според добиените гласови

Back to top button
Close