Пецаков: Со одлука на совет и јавен повик е направена исплата, за невистините овој пат ќе барам одговорност


По обвинувањата дека градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, финансирал ракометен клуб во кој бил основач, се огласи Пецаков со демант. Тој ги отфрла тврдењата на СДСМ и Левица, нарекувајќи ги лажни.

„Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен на клубот се до 2016 година. Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013 , кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес…

Од како е Акционерско Друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид и така и ќе останит, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на СИТЕ спортски клубови на територија на општина Охрид“ вели Пецаков.

Тој порача дека ќе продолжи да ги помага спортските екипи, а ги повика инситуциите да испитаат дали има некаква злоупотреба. Рече дека овојпат ќе бара одговорност за лажните тврдења и обвинувања.

„Пс. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал. НЕМА ДА ГО УНИШТИТЕ СПОРТОТ И ПРАВИЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ ВО ОХРИД! Вие сте завршена приказна!
ПСС. Се гледаме утре во 11 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред!!“ напиша Пецаков на својот Фејсбук.

Back to top button
Close