Пецаков вели дека случајно се сретнал и седнал со Црвенковски во полниот ресторан

Фото: Инфомакс

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, денеска за „Вечер“ изјави дека средбата со Бранко Црвенковски не била однапред планирана.

Се работи за случајна средба во полн угостителски објект. Ништо друго“, изјавил Пецаков на прашањето за карактерот на средбата.

Вчера беше објавена фотографија на која поранешниот македонски претседател, премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Бранко Црвенковски, седи на иста маса со актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и со Сашо Донев, пратеник од владејачката партија.

Back to top button
Close