Педесет таблет-компјутери за ученици од охридските училишта
– Во Општина Охрид беа доделени таблет-компјутерите што компанијата „Еколог Интернешнл“ ги донираше за учениците од социјално-ранливите семејства од градот и околината.
Странува збор за 50 електронски уреди, доделени на 41 ученик од основните и 9 ученици од средните училишта во општината, кои се соочуваа со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и користење „онлајн“ апликации.
Донацијата е во насока на успешно спроведување на наставата по електронски пат, согласно утврдените протоколи за заштита од вирусот Ковид-19 и правилата утврдени од Министерството за образование и наука за одвивање на наставата во текот на претстојната учебна година.
Компанијата „Еколог Интернешнл“ досега низ земјата има донирано неколку илјади таблет-компјутери за децата што немаат такви средства за следење настава.