Пехчевски кој обелодени за недостигот на „трикафта“, сè уште не го добил лекот

Игор Пехчевски, кој фотографиран со транспарент во болнички кревет обелодени за проблемот со недостиг на лекот „трикафта“ со кој се лекуваат пациентите со цистична фиброза, се уште не го добил лекот.. Пехчевски не е меѓу осумте пациенти кои први ќе го примат лекот, што Министерството за здравство конечно го набави.

„СЕ додека не го објавив Транспарентот од болничкиот кревет, многу малку се знаеше што е болеста Цистична фиброза, како медиумите, така и Македонската јавност, а камоли за лекот ТРИКАФТА.

А сега кога лекот е тука и на клиниките – ЈАС ЛЕКОТ НЕ ГО ДОБИВ

Ги прашувам надлежните:

Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“, напиша Пехчевски на својот фејсбук профил

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close