Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ
Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во март годинава гласал на внатрепартиските избори во СДСМ, односно кај претседателот Венко Филипче.
Ристески одговори дека не гласал и веднаш возврати со прашање:
„Зошто прашувате?“
Мирчевски потоа му покажа фотографија од пристапница за членство во СДСМ, со потпис и податоци на Ристески.
Новинарот објасни дека минатата недела се консултирал со СДСМ дали пратеникот формално се откажал од членството, а од таму добил одговор дека не постои формално известување за престанок на членството.
На тоа, пратеникот Ристески одговори: