Пекинг му порача на Бајден: Не се обидувајте да не тестирате, Тајван е дел од Кина
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин ги коментираше изјавите на Бајден од вчерашниот форум на Си-Ен-Ен.
– Тајван е нераскинлив дел од Кина. Странска интервенција е неприфатлива кога станува збор за Тајван, рече Ванг.
Тој, исто така, нагласи дека Кина одлучно ги брани своите интереси и нема да отстапи од нив.
– Никој да не се обидува да ја тестира решителноста и капацитетот на Кина да го брани својот суверенитет и територијален интегритет, истакна Ванг.
Тој ги повика САД да го почитуваат принципот на интегритет на Кина и да не им даваат погрешни сигнали на сепаратистичките кругови во Тајван.