Пекинг тврди дека не држи заробени индиски војници

Официјален Пекинг соопшти дека Кина не држи заробени индиски војници во изолираниот пограничен регион Ладак на Хималаите,околу кој двете земји се спорат уште од 1962 година.

– Колку што знам, кинеската армија повеќе не држи ниту еден заробен припадник на индиската војска, изјави вчера портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лианг.

Индиските власти негираат дека кинеската армија држи заробени припадници на индиските вооружени сили.

Во четвртокот Кина ослободи 10 индиски војници, меѓу кои двајца капетани и двајца мајори.

Back to top button
Close