ПЕКОЛ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ: Огромен танкер во пламен, Иран испрати застрашувачко предупредување (ВИДЕО)

Огромен нафтен танкер експлодирал и се запалил во Ормускиот Теснец, откако, според иранските власти, налетал на поморска мина додека се обидувал да помине низ недозволена рута.
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека танкерот, со капацитет од околу два милиона барели нафта, ги исклучил своите навигациски системи и се обидел да го напушти стратешки важниот теснец преку јужна рута која не била одобрена.
Според иранските информации, бродот удрил во мина, по што следувала силна експлозија и избувнал голем пожар. Експлозијата, како што тврдат иранските власти, можела да се забележи и од крајбрежјето.
По инцидентот, Иран упати остро предупредување до сите бродови што пловат низ Ормускиот Теснец, нагласувајќи дека непочитувањето на утврдените правила и безбедносните рути може да има катастрофални последици.
Засега нема независна потврда за сите околности на експлозијата, ниту целосни информации за евентуални жртви. Идентитетот на танкерот исто така не е официјално соопштен.
Инцидентот се случува во период на сериозни тензии на Блискиот Исток и зголемена опасност за меѓународниот поморски сообраќај.
Ормускиот Теснец е една од најважните поморски рути во светот, преку која пред војната минуваше околу една петтина од светската потрошувачка на нафта. Секое поголемо нарушување на сообраќајот низ овој теснец може да има сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар.






