Пеколна ноќ на Сардинија: Катастрофа, и се уште не е завршено, стравуваме од најлошото

За пеколна ноќ известуваат италијанските медиуми во врска со големиот пожар што синоќа зафати неколку места на островот Сардинија, во близина на местото Сасари.

Според Анса, илјадници луѓе, локални жители и туристи, веќе се евакуирани.

Во областите погодени од пожарот, небото е покриено со пепел, а воздухот е полн со чад.

Огнената стихија веќе уништи хектари шума и вегетација и опасно се приближува до населените места.

-Трагичен ден за нашиот остров. Две жаришта се уште се активни, известува локалната противпожарна агенција „Форестас “.

Градоначалникот на Ористанезе, една од општините погодени од пожарот, Салваторе Корис, на својот Фејсбук профил, заедно со слики од огромниот пожар, напиша: „Катастрофа, и се уште не е завршена, се плашиме од најлошото“.

Деновиве има многу високи температури на Сардинија, над 35 степени, но се уште не е јасно дали пожарот е последица на високите температури, небрежност или е подметнат.

Back to top button
Close