Пеле на 81 година успешно опериран од тумор

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле преживеа успешна операција на тумор на дебелото црево кој му бил дијагностициран кога правел рутински преглед, а од денеска ќе продолжи да се лекува од дома, јавува МИА. Операцијата се случила на почетокот на месецов во болницата „Алберт Ајнштајн“, потврди денеска неговата ќерка Кели Насименто.

 


Пеле, кој е единствениот фудбалер во историјата со три светски титули, на 23 октомври треба да го прослави својот 81 роденден.

Back to top button
Close