Пелегрини се врати во Шпанија по 10 години и вети големи работи

– Искусниот чилеански стручњак Мануел Пелегрини, новиот тренер на фудбалерот Бетис, изјави дека е среќен што се вратил во Шпанија по 10 години.

Поранешниот стратег на Вест Хем, Манчестер Сити, Реал, Ривер Плата и Сан Лоренцо, ќе биде тренер на екипата од „Бенито Виљамарин“ во наредните три сезони.

– Задоволен сум што имав можност да дојдам во клуб како Бетис. Враќањето во Шпанија после 10 години е дополнително задоволство за мене. Бетис е многу популарен тим и сигурен сум дека имаме тим кој ќе може да одговори на барањата на навивачите, рече Пелегрини на презентацијата.

Тој посочи дека неговиот стручен персонал и тој ќе му донесат на Бетис искуство кое ќе биде важно за напредокот на тимот.

– Сите имаме иста задача, мора да покажеме победнички менталитет, желба за победа и желба да играме во Европа. Имаме многу работа пред нас, заклучи Пелегрини.

Back to top button
Close